Загатката на ЦИА за Ноќта на вештерките задава главоболка

Сподели со своите пријатели

Оваа година американската Централна разузнавачка агенција понуди и загатка во духот на Ноќта на вештерките во која треба да ги забележите разликите помеѓу две фотографии.

Loading...

Задачата е многу потешка отколку што изгледа на почетокот.

Како дел од својата поделба „Spy Kids“, ЦИА нуди онлајн игри преку кои заинтересираните страни можат да ја тестираат нивната способност за навигација, откривање детали и тактичко размислување.

Една од таквите игри е анализа на фотографии на кои играчите треба да ги забележат разликите.

За да биде во духот на Ноќта на вештерките, Агенцијата им понуди на играчите фотографии во тој дух и им даде три минути да ги забележат разликите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворски чуварки се впуштиле во романса со осуденик: Љубовта цветала, но стигна и казната

Некои од деталите лесно се забележуваат, но повеќето се за луѓе со многу остро око.

ЦИА ја рекламираше играта на својот официјален Твитер профил, каде беше објавен и модифициран фото-клип.

За разлика од другите игри за анализа на фотографии кои досега се понудија да ги решат, оваа верзија за Ноќта на вештерките не дава моментален резултат, играчите ќе мора да почекаат до 31 октомври за да дознаат дали успеале да ги пронајдат сите разлики.

Loading...

Ова е втора година по ред како ЦИА создава верзија на играта за Ноќта на вештерките.