Заев: Во перидот што ќе следи, ќе објавуваме чувствителни материјали (видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, по презентирање на прислушкувани материјали во Охрид, гостуваше на локалната охридска ТВ станица ТВМ, притоа изјавувајќи дека во периодот што ќе следи, СДСМ ќе објави чувствителни материјали, а со тоа, се очекува да расте и гневот кај македонските граѓани.

Loading...

– Периодот што престои пред нас е период кога ќе се објавуваат многу чувствителни материјали, гневот ќе расте, и треба да знаат и граѓаните Македонци и Албанци, и Турци, и Роми и Власи и Бошњаци и Срби и сите… дека тоа не е од спротивната етничка заедница кон нив, тоа е од поединци. Треба да знаат и интелектуалците, невладините организации, професорите, наставниците, лекарите, сите фели во општеството, дека тоа не е кон нивното семејството, нивната фела, од народот, од целото ВМРО-ДПМНЕ. Не, од поединци е – рече Заев.

Како што нагласи Заев во едночасовното интервју под наслов ”Под лупа”, ако гневот ги предизвика граѓаните на протести, тие ќе можат да ја повикаат опозицијата, за да протестираат заедно со нив.

– Но, немој Македонци против Албанци да протестираат. Немој Албанци против Македонци заради гневот што ќе се случи. Нека не викнат, заедно ќе протестираме против врхушката на власта. Поединци се, потенцирам. И дел од врхушката на власта се обидувала да ги спречи во тоа. Очекувам во периодот што претстои да ја почувствувам подготвеноста на сите етникуми, заедно да ја вратиме слободата. Ја чувствувам многу, поддршката е огромна, не само од Македонците, и од Албанците посебно, и од Турците, и од Ромите и од Власите, Србите, ја чувстувам, тоа е така. Се надевам дека ќе успееме заедно на најбезболен начин да предизвикаме оваа власт да замине – рече Заев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор на СДСМ

Leave a Reply