Лидерите на четирите најголеми партии, и денес не успеаја да дојдат до политички договор, откако во Клубот на пратеници одржаа средба, предоговорена за 26-ти, во истиот термин.
Loading...
Во изјава за медиумите, Зоран Заев, лидер на СДСМ, соопшти дека на маса бил ставен предлог на теми за разговор од страна на ДУИ.
– Не отворивме никакви разговори за самите теми, затоа што претходно мора да се решат одредени прашања, а тоа се принципиелност во самите предлози, рамноправност во учеството на сите во самите предлози и гаранција на сето она што ќе биде договорено. Очигледно нема исчекор. Но, секако договоривме нов термин на 26-ти, вели Заев.