Заборавени сопружници веќе 45 години сами живеат во напуштен град (видео)

Сподели со своите пријатели

Хуан Мартин и Синфороса Коломер веќе 45 години живеат сами во малиот рурален град кој се наоѓа во близина на Валенсија, а во него некогаш живееле околу 200 луѓе. Хуан вели дека веќе одамна би заминал, но неговата сопруга не сака да го напушти градот во кој е родена и во кој пораснала.

Loading...

Парот кој денес има 79 односно 82 години се грижи за животни и се занимава со земјоделство. Краткиот филм „ Jungles in Parisa“ го прикажува тешкиот живот на парот. Тие имале ќерка која трагично починала кога имала 12 години.

Градот претходно имал градоначалник, полиција и учители, но луѓето почнале да гоо напуштаат за време на граѓанската војна. Од 1970 сите заминале освен Хуан и Синфоросе.

Хуан на снимателите им раскажа дека сопругата ја запознал додека таа се враќала од поле и ја терала стоката. Подоцна играле во градот во таварните каде некогаш за викенд се одржувале игранки.