За задржување на топлината клучни се нозете и главата

Сподели со своите пријатели

Ниските температури не би требало да бидат причина за избегнување на физичките активности како одење, џогирање или возење велосипед. Условот единствено е прикладно да се облечете.

Секогаш кога ќе излезете надвор по студеното време, посебно е важно главата и нозете да ви останат топли.

Студените нозе ја зголемуваат можноста од прелада, а телото губи значителна количина на топлина низ главата, објаснува германското здружение на лекари.

Дијабетичарите мораат да обрнат особено внимание на топлите чорапи и облеката затоа што поради чувствителните нозе  температурата може да биде намалена.

Општо правило е дека треба да се облечете повеќеслојно. Затоа што ако за време на физичката кативност на отворено стане претопло, еден слој секогаш ќе може да го соблечете.

Leave a Reply