За време на празниците: Возете и однесувајте се совесно

Сподели со своите пријатели

По повод престојните празници, Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до сите учесници во сообраќајот на совесно и одговорно однесување.

Loading...

– Ги потсетуваме возачите, пред тргнување на пат, задолжително да ја проверат техничката исправност на своите возила. Консумирањето на алкохол и управувањето со возило е неразумна постапка која во најдобар случај ќе ве чини парична казна и времено одземање на возачката дозвола од страна на сообраќајната полиција, а во најлош може да ве чини живот. Заради зголемената фреквенција на сообраќај, особено внимание обратете на почитување на ограничувањето на брзината и на целосната концетрација на патот и сообраќајот. Бидете стрпливи на граничните премини и патарините, и обратете особено внимание на делниците на патиштата на кои се одвиваат градежни работи. Информирајте се добро за состојбата на делницата по која ќе патувате, апелираат од РСБСП.

Мотоциклистите, на почетокот на новата сезона да се потсетат на сообраќајните правила и прописи, особено на ограничувањето на брзината. Без кацига да не седнуваат на мотор, а доколку возат совозач, да обезбедат кацига и за него.

-Апелираме до пешаците и велосипедистите, како најранливи учесници во сообраќајот, да внимаваат и совесно да се однесуваат, бидејки токму тие се најбројните жртви во сообраќајните несреќи, велат од РСБСП.

Leave a Reply