За период од седум месеци, работниот однос од определено на неопределено го трансформирале 877 лица ангажирани во образованието, истакна денеска заменик – министерот за образовани и наука Спиро Ристовски.
– Заедно, со претходно извршените трансформации на повеќе од седум илјади лица во образованиот систем во Македонија, има околу осум илјади трансформирани работни односи на лица ангажирани во рамки на образовниот систем во Македонија, рече Ристовски.
На овој начин, како што посочи, се обезбедува економска сигурност, гаранција и мотив за работа на сите луѓе кои добија решенија за трајно вработување во рамки на образовниот систем, пишува Утрински весник.
Согласно измената на Законот за работни односи во 2009 година, потсети Ристовски, трансформацијата на работен однос од определено на неопределено време почна да се врши на лица кои работат најмалку пет години на одредено работно место. Со измената од 2011 година, трансформацијата почна да се врши и на лица со две години стаж на одредено работно место.