За милијардери: Шише вода по цена од 100.000 долари

Сподели со своите пријатели

Продажбата на вода во шишиња во последните две децении стана брзорастечки бизнис, иако флашираната вода повеќекратно е поскапа од онаа од чешма, побарувачката за неа расте и во оние зеји во кои водата од водоводот е квалитетна за пиење.

 

Loading...

 

9oh2o-diamond-edition-photo-1-01-29-2015

За најскапо шише вода потребно е да издвоите дури 100.000 долари, само поради капачето од бело злато на кое се наоѓаат 850 бели и црни дијаманти. кога ќе ја нарачате оваа вода добивате и приватен сомелиер кој ќе ви организира дегустација, без оглед на тоа на кој дел од земјината топка се наоѓате во тој момент. Се работи за посебно дијамантско издание на водата „Beverli hils 9OH2O“.

 

9oh2o-diamond-edition-photo-7-01-29-2015

 

Хотелот „Мершант“ во Белфаст минатата година во понудата внесе карта вода, која стана пред на исмејување на светските медиуми. Една од водите кои ги имаат во понудата е вода од канадски глечер замрзната пред 10.000 години. Шишето таква вода чини 26 фунти.

Според „Гардијан“ глобланиот пазар на флаширана вода во 2013 година изнесувал 157 милијарди долари,а с е очекува дека до 2020 година тој износ ќе порасне на 280 милијарди долари.

Во Велика Британија потрошувачката на вода минатата година пораснала за 8,2%, па заработката таму од овој бизнис изнесувала 2,5 милијарди фунти.