За месец дена падна од врвот на 4. место: Рокади во светот на најбогатите!

Сподели со своите пријатели

Марк Закерберг го престигна Илон Маск на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот, па така основачот на Фејсбук е на третото место, а е пред Маск за прв пат од 2020 година.

Loading...

Маск, кој беше на врвот на листата на милијардери на Блумберг на почетокот на март, падна на четвртото место откако Ројтерс објави дека Тесла ги откажа плановите за производство на поевтини автомобили, со што акциите паднале, иако Маск го негираше извештајот на новинската агенција, пренесува Танјуг.

Богатството на Маск падна за 48,4 милијарди долари оваа година, додека Марк Цукерберг додаде 58,9 милијарди долари, бидејќи неговата компанија Мета се искачи на берзата, достигнувајќи нов рекорд на 5 март.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Моментално имотот на Маск се проценува на 180,6 милијарди, а на Цукерберг на 186,9.

На листата на Блумберг на прво место е францускиот бизнисмен Бернар Арно (меѓу другото, сопственик на „Луј Витон“), додека вториот е сопственикот на Амазон, Американецот Џеф Безос.