Марс се доближува до Земјата, а најблиску ќе биде за нешто повеќе од месец дена кога ќе можете да го видите и со голо око.
Појавата која не се гледа често со оглед на тоа дека последен пат е забележана во 2003 година, а сега се очекува да се случи на 23 јули.
– Како и сите планети во нашиот Сончев систем, Земја и Марс кружат околу Сонцето. Но, Земјата е поблизу до Сонцето и затоа е побрза во својата орбита. Земјата прави два круга околу Сонцето додека Марс за тоа време прави само едно патување. Така понекогаш двете планети се на спротивни страни од Сонцето, многу одалечени, додека понекогаш Земјата ја достигнува соседната планета и минува многу близу крај неа, објаснуваат експертите на НАСА.
СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)