За косовските власти, во Куманово се убиени 14, а идентификувани се уште седум тела

Сподели со своите пријатели

Косовските власти коишто денес спроведуваат акција на претреси во домовите на некои косовски Албанци кои учествувале во судирот со македонските полициски сили минатиот викенд во кумановската Дива населба, според непотврдени информации, идентификувале уште седум лица кои се меѓу загинатите, пренесуваат косовските медиуми.

Loading...

Според косовските власти, меѓу четиринаесетте терористи кои беа убиени во судирот со македонската полиција минатата сабота, пред да се предадат повеќе од 27 нивни соборци, идентификувани се и Џафер Зумерај, роден 18.05.1972 година, Ваљон Кабаши (14.08.1985), Тургај Гаши (13.04.1978), Арбен Реџај (17.09.1971), Самит Кастриоти (14.12.1975), Хисен Рушити (20.07.1965) и Фатлун Вишесела роден 16.08.1983 година.

Имено, вчера за АЛСАТ М, од јавното обвинителство соопштија дека конечната бројка на мртви од страна на вооружените е 10.

 

Leave a Reply