За една недела приведени петмина кумановци поради кражби (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет лица цо Куманово биле приведени во текот на оваа работна недела под сомнение дека извршиле исто толку кражби.

Loading...

– На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела беа расчистени 5 кражби, од кои две извршени во деловни објекти, една во објект на јавно претпријатие и една во објект во изградба, како и кражба на платежна картичка од возило со која беше вршена трансакција, сторителот веднаш беше пронајден и платежната картичка и парите беа вратени на сопственичката, изјави денеска портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово Ивана Младеновска.

 

 

Како што додаде Младеновска, полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле пет лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Куманово во првите два часа од гласањето?

– Исто така вчера беше приведено и лицето кое при размена на пари, на 21-годишен маж од кумановско село му дал фалсификувана банкнота од 500 евра, додава портпаролот.

Како што вели Младеновска, Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела.

Loading...

Никола Ивановски