За една до две недели во Турција можна е нова средба меѓу Лавров и Кулеба

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу изјави денеска дека министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба, би можеле повторно да се сретнат во Турција за една или две недели.

Loading...

„Може да се одржи состанок на повисоко ниво, барем меѓу министрите, во рок од една или две недели“, изјави Чавушоглу за турската телевизија, додавајќи дека неговата земја сака да биде домаќин на состанокот „како искрен посредник“.

 

Зеленски ѝ порача на Австралија да ги заостри санкциите кон Москва

 

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека Русија добила сигнал од Турција за можноста за организирање нова средба меѓу Лавров и Кулеба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

„Тоа беше таков сигнал од Турците“, им рече Руденко на новинарите.

По повод најавената евакуација од Мариупол, Чавушоглу изјави дека Анкара предложила отворање на „два хуманитарни коридори, кон Русија и Украина“.

Loading...

 

Гугл: Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО

 

„Никој не треба да врши притисок врз цивилите да изберат коридор. Секој треба да оди каде што сака“, рече турскиот министер.

Руското Министерство за одбрана доцна синоќа соопшти дека денеска треба да започне локалниот прекин на огнот во пристаништето Мариупол со цел да се евакуираат цивилите.

„За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, додаваат од руското министерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

 

Издадени низа совети за украинските војници: Оставете го мобилниот дома

Loading...

 

Украинската страна изјави дека е подготвена да испрати 45 автобуси на евакуација од Мариупол.