Возачите на моторцикли сонуваат нивниот мотор да биде главна тема на секоја улица низ која ќе поминат. Некои во таа креативност ја минале секоја граница и на механика и на вкус, па своите брзу миленици ги направиле од најнеобични материјали, како ВЦ школка, трактор или дрва.
Една Инстаграм страница се посветила на колекцијата токму на ваквите мотори, а ние ви ги пренесуваме најинтересните:
Принцезите на тато
Најверојатно ги пуштил децата да му го ишараат возилото со боички. Децата секако се женски.
https://www.instagram.com/p/BRzoV_LjBDp/?utm_source=ig_embed
Должината не е важна
Немаме претстава како гледа на патот нешто, но сигурно е дека со ваков мотор сите го гледаат него/неа.
https://www.instagram.com/p/BjTaCuAB0Mf/?utm_source=ig_embed
Кое масло го користиш? Регенератор за коса?
Овој возач не само што мора да има мајстор кому може да му верува, туку и фризер, а можеби и ветеринар. Веројатно во текот на подолгите возења мора да прави чести паузи, затоа што треба да го напои моторот, а чешлањето на влакната исто така е голема обврска.
https://www.instagram.com/p/Bi5ibQ1hDiB/?utm_source=ig_embed
Седиштето е најважниот дел од моторот
Кому му е гајле за кочници и брзини, најважно е газот да ви биде среќен. Чекај, а каде е далинскиот управувач?
https://www.instagram.com/p/Bg04V-jh97s/?utm_source=ig_embed
Не мора да застанувате за тоалет
Многу практично возило, идеално ако на патувањето јадете во ресторани каде услугата е сомнилтена. Со мала доплата ќе ви вградат и држач за тоалетна хартија.
https://www.instagram.com/p/BgHpVpOH-6x/?utm_source=ig_embed
Англиска елеганција
За модерен осврт на старата англиска приспивна песна „Бабата која живеела во кондурата“ се одлучил сопственикот на оваа возило. Важно е да се има друштво.
https://www.instagram.com/p/BfMfWylhmMO/?utm_source=ig_embed
Да не му биде студено
Секако и секирата никогаш да не стане тапа, важно му било на овој возач, кому металот му бил премногу очигледен избор, па се одлучил за дрво.
https://www.instagram.com/p/Bdut0Fbj3D6/?utm_source=ig_embed
Никогаш не ги крши јајцата
Не е заинтересиран за женските воздишки на патиштата. Тој е за своите птици, да му снесат квалитетни јајца.
https://www.instagram.com/p/BdcoLBgDQgN/?utm_source=ig_embed
Седни на мотор, Ханибал е пред вратите
Овој човек очигледно не можел да се одлучи дали сака колички на две тркала или мотор.
https://www.instagram.com/p/BcUs-g-DbSF/?utm_source=ig_embed
Го украле од луна парка
Бел мотор со шарени срциња очигледно е нешто што сите ќе го забележат во морето досадни Харли мотори.
https://www.instagram.com/p/BcBELo8DAEM/?utm_source=ig_embed
Мачо мен
Нечиј фетиш кон високите потпетици сериозно излегол од контрола.
https://www.instagram.com/p/BZduLM_D5GY/?utm_source=ig_embed
Само рок, само мотори
Ако овие железа се оделат, па му ја исечат главата на возачот, тоа нема да биде убава глетка.
https://www.instagram.com/p/BYQzvq-gg6k/?utm_source=ig_embed