YouTube му донел заработка од 7 милиони долари

Сподели со своите пријатели

PewDiePie е YouTube ѕвезда која продолжува да ги руши рекордите како на гледаноста, така и на заработката.

Loading...

Споерд извештаите до кои дошле новинарите на шведскиот магазин „Expressen“, Феликс Кјелберг и неговата компанија PewDiePie Productions во 2014 година заработила 7,45 милиони долари.

Минатата година е објавено дека PewDiePie заработува околу 4 милиони долари годишно, па според се изгледа дека PewDiePie успеал доста солидно да напредува во изминатата година.

Инаку, PewDiePie моментално има околу 2,300 видео клипови на својот канал. Според официјалните статистики на YouTube, во 2014 година тој бил најгледаната личност на овој видео стриминг сервис со повеќе од 4,1 милијарди прегледи.

PewDiePie на својот канал има повеќе од 37 милиони претплатници.