Xiaomi почна да произведува електрични автомобили, преплавени се со нарачки

Сподели со своите пријатели

Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.

Loading...

Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил што влезе на пазарот во четвртокот и објави дека пред-нарачките достигнале 88.898 во првите 24 часа.

 

 

Цена од 30.000 долари

Според статусот на апликацијата за нарачка на автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7 по цена од 215.900 јуани, т.е. 29.870 долари, може да потрае помеѓу 18 и 21 недела.

Чекањето на испораката на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, додека за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјади долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.

 

Loading...

 

SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили Taycan и Panamera на Porsche, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 брендови се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.

Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.