WSJ: ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиката на Трамп

Сподели со своите пријатели

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) понуди доброволни пакети за отпремнина на сите вработени со цел да ја преобликува својата работна сила во согласност со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Волстрит журнал.

Loading...

Портпаролот на ЦИА изјави дека мерките се дел од стратегијата на новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, пренесе Ројтерс.

Директорот Ретклиф дејствува брзо за да се осигура дека работната сила на ЦИА е усогласена со приоритетите за национална безбедност на администрацијата“.

„Овие мерки се дел од сеопфатната стратегија за внесување нова енергија во агенцијата“, се вели во соопштението на ЦИА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Америка е подготвена да ја окупира Газа и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“

Агенцијата не објави податоци за буџетот или бројот на вработени и не одговори на барањето за коментар.

Пакетот за отпремнини е дел од широката реформа на американската влада што ја спроведува администрацијата на Трамп, која досега отпушти стотици државни службеници во обид да ја намали бирократијата и да ги постави лојалистите на клучни позиции, истакнува Ројтерс.

Минатата недела Белата куќа понуди платено отсуство до 30 септември за два милиони федерални вработени со полно работно време.

Во меѓувреме, синдикатите кои ги застапуваат државните службеници поднесоа тужба во обид да го блокираат планот.

Loading...

Ретклиф, поранешен член на Претставничкиот дом и поранешен директор на националното разузнавање за време на првиот мандат на Трамп, беше потврден за директор на ЦИА од Сенатот само неколку дена откако Трамп го започна вториот мандат, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Изјавата на Трамп е смешна и апсурдна