Американскиот весник Вашингтон пост објави дека ФБИ истражува обиди за хакирање на податоците на американските претседателски кандидати на изборите што ќе се одржат во ноември, пренесува Хина.
Истрагата на ФБИ беше покрената уште во јуни, кога актуелниот американски претседател Џо Бајден беше кандидат на Демократската партија, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме, Бајден беше сменет како кандидат на Демократите од потпретседателката Камала Харис, а нападнати беа и веб-страниците на кандидатот на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп.
Не се најдени докази
Инспекторите не пронајдоа докази кои сугерираат дека обидите за хакирање на кампањата на Демократската партија биле успешни.
Од друга страна, штабот на Трамп во текот на изминатиот викенд објави дека Иран хакирал една нивна веб-страница, повикувајќи се на информациите што ги добиле од Мајкрософт.
Иранската влада негираше какво било мешање во претседателските избори во САД.