Вукановиќ: Безбедносната состојба на подрачје на општина Куманово е стабилна

Сподели со своите пријатели

Безбедносната состојба на подрачје на општина Куманово е стабилна и поволна, без индиции за нејзина промена и гарантира безбедност на сите граѓани.

Loading...

Ова денеска го истакна Зорица Вукановиќ, командир на Полициска станица од Општа надлежност Куманово која го презентираше годишниот извештај пред Советот на Општина Куманово.

Според извештајот, во текот на 2022 година биле пријавени 1.065 кривични дела што се гонат по службена должност што е намалување од 11,4 отсто во споредба со годината претходно кога таа бројка изнесувала 1.202.

Минимално зголемување се бележи во однос на случени сообраќајни незгоди, посочи Вукановиќ, додавјаќи дека тоа зголемување е од само 0.77 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Во текот на 2022 година се случиле 394 сообраќајни незгоди, додека годината претходно имало 391.

Намалување има и кај пријавени настани од областа на јавниот ред и мир од 7,7 отсто, односно лани имало 490 пријави по тој основ.

– Не се регистрирани нарушувања од поголем обем и прекршоци со национална мотивираност и нетрпеливост на поединци и групи. Согледувајќи ги овие параметри кои се клучни при оценување на безбедносната состојба, можеме да цениме дека безбедносната состојба на подрачје на општина Куманово е стабилна и поволна, без индиции за нејзина промена и гарантира безбедност на сите граѓани, рече Вукановиќ.

Според извештајот за минатата година, во категоријата нарушување на јавен ред и мир, доминираат физичките напади со 153 пријави.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

Во текот на изминатата година полицијата била поактивна кога се во прашање контролите во угостителски објекти, па така извршила 23 акции од тој тип, споредбено со годината претходно кога имало само седум.

Членовите на советот упатија забелешки за информацијата и побараа повеќе детали при изготвување на следната.

Со 16 гласа против и 14 гласа за, не го усвоија извештајот.

Никола Ивановски