Вучиќ: Србија ги осудува сите форми на тероризам и изразува солидарност со Турција

Loading...
Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази загриженост за веста за терористичкиот напад што се случи во Анкара и додаде дека неговата земја ги осудува сите форми на тероризам.

„Длабоко сум загрижен за веста за терористичкиот напад што се случи во Анкара. Србија ги осудува сите форми на тероризам и изразува солидарност со Турција и нејзиниот народ во овие тешки моменти“, напиша Вучиќ на својот официјален профил на социјалната мрежа Х.

Претседателот на Србија изрази сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Вучиќ ова го изјави по вчерашниот терористички напад врз комплексот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАС) во Анкара.

Двајца терористи кои ги нападнаа објектите се „неутрализирани“, додека пет лица загинаа, а 22 се повредени, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.