Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва ќе се отвори втората самостојна изложба на рачно изработен накит на Филип Митевски.
Loading...
Митевски се занимава со дизајнирање на накит повеќе од пет години, а својот талент го надградува во Софија, Бугарија, каде посетува различни курсеви за рачна изработка на специјална техника на накит.
За изработка на своите дела користи чипка, кожа, кристали и други детали.
Вечерашната втора самостојна изложба се отвора во 19:30 часот.