Втор годишен концерт на танцовото студио ”Fusion”

Сподели со своите пријатели

Танцовото студио ”Fusion” од Куманово, предводено од Сања Лазаревска, Бојана Додевска, Александра Петрушевска и Леона Стојчевска, го најавува својот втор годишен концерт, кој ќе се одржи во МКЦ – Кино Козјак Куманово.

Loading...

Основано во март 2013 година, танцовото студио со миксот на четирите различни личности, неисклучувајќи ги нивните различни гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што придонесува да се поместат границите на нивните креации и она што дава повеќе простор за растење на самото студиот и на членовите, велат од ”Fusion”.

На вториот годишен концерт закажан за 12 јуни во МКЦ, ќе бидат прикажани дел од кореографиите кои беа обработени во тек на 2015 година.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.