Граѓантие на Куманово вечерва се собраа по втор пат пред Основниот суд од каде со барања за повлекување на одлуката за обилицирање ветија дека институциите и полицијата нема да бидат нивна мета.
Loading...
[huge_it_gallery id=”342″]
Потоа се упатија на масовен марш низ улиците во градот, а ветувањето за мирен протест го одржаа до крај. Дел од граѓаните палеа факели. Од пред судот се упатија кон улицата „Доне Божинов“, а потоа од улицата „Народна револуција“ се упатија кон „Ленинова“, од каде повторно по улицата „Доне Божинов“ завршија на улицата „11-ти Октомври“ каде е лоцирана зградата на кумановскиот Основен суд.
Протестот и објектот беа обезбедувани од помал број полициски службеници.
Со пораките и видео материјалот ќе излеземе во текот на утрешниот ден.