„Вселенската прошетка“ на руските космонаути траеше нешто повеќе од пет часа

Loading...
Сподели со своите пријатели

Руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, кој е и специјален дописник на руската новинска агенција ТАСС на Меѓународната вселенска станица (МВС), поминаа пет часа и 14 минути во вселената, надвор од станицата.

Тие денеска имаа активност во вселената каде ги завршија планираните работи, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Како дел од нивната вселенска прошетка, космонаутите отворија и интегрираа радијатор за топлинска регулација, кој беше инсталиран на повеќенаменскиот лабораториски модул „Наука“ на 19 април.

Според првичните податоци, нивната вселенска прошетка требаше да трае шест часа и 18 минути, но заврши еден час порано.