Иранскиот врховен водач Али Хамнеи ги водеше молитвите на погребот на Сајед Рази Мусави, висок советник на иранската револуционерна гарда, кој беше убиен во, како што тврди Иран, израелски воздушен напад во Сирија, јавува Ројтерс.
Хамнеи оддаде почит на „неуморната борба на овој маченик“, објави иранската државна телевизија.
Телото на Мусави беше пренесено од Сирија во светиот шиитски град Наџаф во Ирак пред да биде донесен во Техеран.
Портпаролот на израелската армија одби да коментира конкретно за смртта на Мусави во понеделникот, но рече дека армијата ги презела сите дејствија неопходни за одбрана на земјата.
Мусави, кого Израел го сметаше за одговорен за воената соработка меѓу Иран и неговите филијали во регионот, беше убиен во понеделникот во предградијата на Дамаск, во израелски напад врз областа Заинаби.
Според проценката на израелските безбедносни служби, Иран го зголемил трансферот на оружје за шиитските милиции во Сирија откако израелските одбранбени сили започнаа војна против Хамас, пренесува Танјуг.