Во Република Македонија денеска не очекува слаба котлинска магла во раните утрински часови, информира порталот метеопро.мк. Сепак таа ќе биде од локален карактер и нема да ја намали видливоста, а во текот на денот не очекува претежно сончево време со умерена облачност.
Во попладневните часови може да очекуваме дополнително заоблачување, особено во западниот дел од државата.
Утринската температура е во интервал од 5 до 8, а максималната дневна ќе достигне и до 22 степени целзиусови.
Во Куманово и околината, според податоците на порталот accuweather, кумановци денеска се разбудија на температура од минимални 11 степени целзисуови, кои во текот на денот ќе се искачат до 20-от степен.
Ќе биде претежно облачно со мали сончеви периоди, а ќе дува ветер од 24 километри на час од југоисточен правец.
Слично време не очекува и во наредните денови, освен во недела кога може да очекуваме повеќе сончеви интервали.