Вредноста на биткоинот надмина 17.000 долари

Сподели со своите пријатели

По тешка стагнација, Биткоинот конечно ја надмина стабилната вредност од 17.000 долари и го повлече Ethereum на повеќе од 1.300 долари.

Loading...

Максимумот со кој се тргуваше со биткоин во изминатите два дена беше 17.391 долар во понеделникот, пред да се „смири“ на околу 17.222 долари денес.

Ethereum се „стабилизираше“ на 1.326 долари, достигнувајќи 1.330 долари во одредени моменти.

Порастот на берзите го следеа Гала, Солана и XRP и APT како моментално највредни криптовалути.

Најголем раст постигна до неодамна губитникот FTT, од берзата за токени FTX/USD во сопственост на уапсениот Сем Банкмен-Фрид, кој „скокна“ 40 отсто по падот во ноември и се тргуваше за 1,30 долари.

Веднаш по него, APT порасна за цели 32 отсто, SRM за 12 отсто, а Luna и WOO за околу 10 отсто.

Топ-листата на најголеми губитници моментално ја предводи ЗИЛ, кој загуби над осум отсто од својата вредност, а потоа следат OCEAN, CKB, MAGIC и ETV кои паднаа за над пет отсто во изминатите 24 часа.

Морган Стенли предупреди дека вредноста на GBTC (фонд кој поседува над 46 проценти од БТК) може да падне на нула поради регулаторни промени, криза на доверба, грешка или оперативен проблем во мрежата на биткоин.

Loading...