Воздушна опасност во Киев, експлозии во главниот град на Украина

Сподели со своите пријатели

Според податоците на украинското Министерство за дигитална трансформација, воздушна опасност е прогласена во регионот на Киев, како и во неколку други области на соседниот регион Черкаси.

Loading...

Сирените се огласиле во регионот на Киев веднаш по 7 часот по локално време, а медиумите објавија дека набрзо почнале да одекнуваат експлозии.

Според локалните власти, цел биле „инфраструктурни објекти“, иако не е прецизирано што конкретно.

Медиумите објавија и дека украинските власти објавиле дека активностите за противвоздушна одбрана оштетиле неколку објекти на една производна компанија во Киев, предизвикувајќи пожар.

Мета биле и регионите Суми и Чернихив во Украина, а експлозии се слушнале и во Суми, Кременчуг и Канев, пренесува Спутник.