Вонредната состојба на Табановце и Гевгелија е продолжена до јуни следната година

Сподели со своите пријатели

Поради продолжување на бегалската криза, Владата на последната седница донесе одлука, рокот за прогласена вонредна состојба на граничните премини Гевгелија и Табановце да остане на сила до 15 јуни следната година.

Loading...

Одлуката за продолжување на важноста на вонредната состојба е донесена на ден пред истекот на првичниот рок кога на 19 август, Владата прогласи вонредни мерки на двата гранични премини.

Одлуката според 24 Вести е донесена откако бил утврден растечки обем на влез, транзит и излез на бегалци и мигранти на територијата на Република Македонија.

Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба веќе е испратена до Собранието и се очекува утре да биде изгласана по скратена постапка.

Инаку, откако на 19 август беше прогласена вонредна состојба, на јужната граница  Гевгелија – Идомени беа распоредени трупи на АРМ и ЕБР, додека на северната страна, контролата ја врши граничната полиција, и за разлика од Гевгелија каде просторот за бегалците е ограден со жица со строго контролиран влез, на Табановце се уште нема најава за оградување на просторот за излез на мигрантите кон српска страна.