Вонредна информација од УХМР: Значително заладување и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија до Регионалниот центар за управување со кризи достави исзвестување дека во наредните денови ни следува значителна промена на температурата, односно значително заладување и силен ветер.

Loading...

Од недела попладне се очекува значителна промена на времето, што ќе биде проследена со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер (над 60км/ч.) кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата.

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Дневната температура ќе биде пониска за околу 6-7 степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата недела. – стои во извештајот на дежурниот синоптичар на УХМР, Ленче Ризова.