Волстрит порасна, се тргува се претпазливо

Сподели со своите пријатели

Вчера на Вол Стрит берзанските индекси пораснаа, надоместувајќи ги загубите од претходниот ден, но тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите чекаат нови податоци за инфлацијата и состанокот на лидерите на ФЕД.

Loading...

Dow Jones зајакна 0,50 отсто, на 33.833 поени, додека S&P 500 порасна за 0,62 отсто, на 4.293 поени, а индексот Nasdaq 1,02 отсто, на 13.238 поени.

Внимателно тргување

Со вчерашниот раст индексите ги надоместија загубите од претходниот ден.

Ова е најмногу благодарение на зголемените цени на акциите на неколку технолошки гиганти, како што е Amazon.

Сепак, се тргуваше претпазливо бидејќи немаше вести што би можеле појасно да го насочат пазарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

„Гледаме дека на пазарот нема волја за поголем ангажман, инвеститорите се како парализирани“, вели Дејвид Бјанко, аналитичар во Групацијата DWS.

Инвеститорите не сакаат да преземаат ризици додека не видат нови податоци за трендовите на инфлација во САД, кои би можеле да влијаат на одлуките на челниците на американската централна банка на седницата следната недела.

Инвеститорите се надеваат дека ФЕД ќе направи пауза во зголемувањето на каматните стапки

Извештајот за инфлацијата ќе биде објавен на 13 јуни, а аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека потрошувачките цени благо паднале на месечна основа во мај, додека основната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, најверојатно ќе остане покачена.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Инвеститорите се надеваат дека тоа би можело да го поттикне ФЕД да го паузира процесот на зголемување на стапката.

На пазарот на пари во моментов се проценува дека има 75 отсто шанси челниците на американската централна банка да ги остават каматните стапки непроменети на состанокот следната недела.

Сепак, бидејќи инфлацијата сè уште не се намалува доволно брзо, повеќето аналитичари веруваат дека ФЕД, по паузата во јуни, уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки во јули.