Волонтерите во Општа Болница Куманово конечно добија решенија за вработување

Сподели со своите пријатели

Сто волонтери кои години наназад работеа за помалку од 5000 денари, денес добија решенија за постојано вработување во Општа Болница Куманово, а се работи за кадар од различни профили.

Loading...

12179774_10205288925728290_2041873312_n

На врачувањето на решенијата присуствуваа Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, Министерот за еконимија, Беким Незири, како и  државниот секретар во Министерството за здравство, Насуф Ипчија.

Решенијата ги врачи директорот Ариф Љатифи кој денеска пред присутните волонтери истакна дека овој ден е од историска важност откако во еден ден, стотина волонтери добија работа на неопределено време, а на тој начин е обезбедена егзистенција на сто семејства.

Решавање на статусот на волонтерите во Општа Болница Куманово доаѓа во време кога само пред две недели, дел од волонтерите протестираа пред влезот на болницата, незадоволни од многуте ветувања дека нивниот статус ќе биде конечно решен.