Волонтер од индиска полиција осуден за силување и убиство на лекарка

Сподели со своите пријатели

Волонтер од индиската полиција Санџај Рој денеска беше осуден за силување и убиство на лекарка во Калкута во август минатата година.

Loading...

Судијата Анирбан Дас рече дека казната, која ќе биде објавена во понеделник, ќе се движи од доживотен затвор до смртна казна.

Рој во ноември изјави дека е „целосно невин“ и дека случајот е наместен, објави Ројтерс.

Адвокатите на Рој тврдеа дека има очигледни недоследности во истрагата и вештачењата, пренесува Танјуг.

Родителите на жртвата изразија незадоволство од истрагата, наведувајќи дека делото не можело да го изврши само едно лице.

Индиската федерална полиција, која го истражуваше злосторството, побара смртна казна за Рој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарец висел 70 километри на воз кој патувал со 282 км/ч

Полицијата го обвини и началникот на локалната полициска станица и тогашниот менаџер на болницата за уништување докази од местото на злосторството.

Шефот на локалната полициска станица е пуштен со кауција, додека поранешниот началник на болницата останува во притвор во врска со посебен случај на финансиски неправилности во болницата.

Loading...

Пред судската зграда денеска се собраа неколку лекари во знак на солидарност со жртвата.

Помладите лекари рекоа дека ќе продолжат со уличните протести додека правдата не биде задоволена.

За време на изрекувањето на пресудата на Рој беа ангажирани повеќе од 200 вооружени полицајци.

Во текот на истрагата беа сослушани 128 сведоци, од кои 51 беа сослушани во текот на судскиот процес, кој започна на 11 ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја: Инспекторите бараат продолжен притвор за претседателот

31-годишна практикантка беше силувана и убиена на 9 август минатата година во медицинскиот колеџ во Калкута.