Претседателот на Државната дума на Русија Вјачеслав Володин тврди дека зад ракетниот напад на истражниот затвор во Јеленовка стојат претседателот на Украина Володимир Зеленски и Вашингтон.
Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, тврди дека зад ракетниот напад врз истражниот затвор во Јеленовка стојат претседателот на Украина Володимир Зеленски и Вашингтон, кои, како што наведе, се обидуваат да спречат ново Нирнбершко судење каде ќе сведочат заробените припадници на украинскиот баталјон „Азов“.
– Тоа беше направено со една цел: да се спречи ново Нирнбершко судење, каде што ќе сведочат заробените нацисти-азовци. Вашингтон и Киев ги отстрануваат сведоците на нивните злосторства против човештвото за граѓаните на европските земји и САД да не се одвратат од нив, а снабдувањето со оружје и муниција продолжува – напиша Володин на својот канал Телеграм.
Според Володин, доколку членовите на Азов ги признаат своите злосторства, тоа ќе доведе до барања за кривично гонење на лидерите на голем број земји од НАТО, пренесува РИА Новости.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека 40 украински воени заробеници загинале, а 75 се повредени во украински ракетен напад врз затворот Јеленовка во самопрогласената Народна Република Доњецк.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.