Војник загина кај Врање, откако воен камион слета во провалија

Сподели со своите пријатели

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Врање, Србија, загина постар наредник од прва класа Б.К.(46), а три лица се повредени.

Loading...

Воен камион слета во провалија и се преврте кај градот Дреновац во планинската област Врање, пренесува порталот Нова.

Како што јави Телеграф.рс, од повредите на лице место починал еден припадник на армијата, поточно вишиот наредник од прва класа Б.К.(46), додека тројца се повредени.

Повредените се пренесени во Здравствениот дом во Врање.

Портпаролот на четвртата бригада на војската на Србија, Никола Петковиќ, за Нова потврди дека до несреќата дошло, но не даде дополнителни информации:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски се сретна со Дачиќ во СВР Куманово (ФОТО)

„Јас сум на вежбата „Платинум волк“ и не бев таму, не можам да дадам прецизни информации. Контактирајте со Дирекцијата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на Србија“, накратко рече тој.