Војник од Нов Зеланд загина во Украина

Сподели со своите пријатели

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, призна дека телото на новозеландскиот војник кој загинал бранејќи ја Украина можеби никогаш нема да биде вратено дома.

Loading...

Војникот Доминик Абелен (28) бил на неплатено отсуство кога отпатувал во Украина за да се приклучи на одбраната на земјата.

За тоа не известил никого, па ни семејството.

Министерката за надворешни работи Нанаја Махута нагласи дека Нов Зеланд го третира случајот Абелен како граѓанин, а не како војник, пишува The Guardian.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои делови на Украина сака Путин да ги припои кон Русија?

„Тоа е воена зона. Немаме луѓе на теренот“

„Прашањето е дали воопшто ќе можеме да стигнеме до таа област на Украина. Тоа е воена зона. Немаме луѓе на терен. Немаме конзуларна поддршка на теренот. Многу е тешко за да направиме нешто во моментот. Сепак, тоа не значи дека не бараме што е можно повеќе информации, рече Ардерн.

Ардерн одби да одговори на многу прашања за смртта на војникот, вклучително и каде починал Абелен, каде е неговото тело и дали е во руска сопственост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мобилизираните Руси одат во војна без никаква обука

Според извештаите на локалните медиуми, Абелен бил убиен додека се обидувал да ги врати рововите во источниот регион Донбас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...