Воени маневри на САД, Австралија, Канада и Филипините во спорното Јужно Кинеско Море

Loading...
Сподели со своите пријатели

САД, Австралија, Канада и Филипините денеска одржаа заеднички воздушни и поморски воени маневри во спорното Јужно Кинеско Море, додека Кина одговори велејќи дека извршила воздушни и поморски борбени патроли во истиот регион.

Во заедничкото соопштение на воените претставници на четирите земји се наведува дека „акцијата ќе биде спроведена на начин што е во согласност со меѓународното право и со почитување на безбедноста на пловидбата и правата и интересите на другите држави“.

Еден филипински воен претставник рече дека морнаричките бродови и борбените авиони ќе спроведуваат вежби против подморници, како и комбинирани маневри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакер кој работи за картелот на Ел Чапо украл податоци од агент на ФБИ, па го следел на камери

Кина долго време претендира на голем дел од Јужното Кинеско Море, главна глобална трговска морска рута, и рече дека ќе ги брани своите територијални интереси по секоја цена.

Нејзините тврдења се преклопуваат со оние на помалите приморски држави, како што се Филипините и Виетнам, бидејќи го попречуваат нивниот пристап до риболовните терени, како и истражувањето на нафта и гас во нивните меѓународно признати економски зони.

Непријателствата во спорните води особено ескалираа меѓу кинеската и филипинската крајбрежна стража и поморските сили во изминатата година, што ги зголеми стравувањата дека судирите би можеле да прераснат во поголем вооружен конфликт во кој ќе бидат вклучени САД, долгогодишен сојузник на Филипините.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: 14 милиони луѓе би можеле да умрат поради намалувањето на помошта од Трамп