Во Виена отворени првите гробишта за милениците и нивните сопственици

Сподели со своите пријатели

Во Виена отворени се првите гробишта на кои на едно место ќе бидат погребани сопствениците и милениците, соопштуваат градските власти, а пренесуваат локалните медиуми.

Властите во Виена се одлучиле за таков чекор откако граѓаните многу позитивно реагирале на гробиштата за животни отворени во 2011 година.

– Некои луѓе имаат поинтензивен однос кон животните отколку кон луѓето и тоа сакавме да го испочитуваме, рекла членка на градскиот совет на Виена, Ули Зима.

Виена го добива првиот автобус без возач

Loading...

Гробиштата се наоѓаат во општината Зимеринг преку патот на Централните гробишта и предвидени се исклучиво за полагање урни од луѓе и животни.

Во Виена последните години се бележи зголеме број на кремации во однос на погреби, со тенденција за натамошен раст.

Според студијата од 2016. година, не поддржуваат сите граѓани на Виена вакви заеднички гробници. Половина од испитаниците се изјасниле против таквата идеја, а ваквиот начин на погребување го поддржале обично младите. За да им се задоволи на двете страни, заедничките гробишта се издвоени посебно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Верувале или не може да се живее во 8 квадрати и тоа изгледа вака! (ВИДЕО)

Leave a Reply