Во Валенсија спроведоа тест со четиридневна работна недела: Резултатите изненадувачки!

Сподели со своите пријатели

Четиридневната работна недела го подобрила здравјето на работниците со намалување на нивниот стрес, истовремено намалувајќи ги емисиите на штетни гасови и било корисно за децата, според пилот-програмата спроведена во Валенсија претставена во вторникот.

Loading...

Крајбрежниот град Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800.000 жители, организираше локални празници да паѓаат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година.

Во проектот учествуваа 360 илјади работници.

Усвоени здрави навики

Голем број учесници ги користеле подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Податоците покажуваат подобрување во самопроценката на здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства во однос на  замор, среќа, расположение и лично задоволство, пренесува Индекс.

Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници довело до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.

Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемиле потрошувачката на тутун и алкохол.

Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.

Loading...

Децата имале повеќе време со своите родители

Четиридневната работна недела најмногу им користела на децата, бидејќи повеќе време поминувале со родителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Секторот за услуги и туризам имал повеќе гости во тој период, но трговците забележале пад на продажбата, а итните медицински служби биле преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земале одмор, се вели во извештајот.

Проектот бил дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии.

Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект, фокусирајќи се на малите и средни компании низ целата земја.