Во Турција уапсени 10 новинари од прокурдски медиумски

Сподели со своите пријатели

Во шест турски провинции денеска се уапсени 10 новинари од прокурдски медиумски, една недела по стапувањето во сила на новиот закон за медиуми, соопшти Синдикатот на новинарите на Турција.

Loading...

„Десет наши колеги беа уапсени за време на акциите во Анкара, Истанбул, Ван, Дијарбакир, Урфа и Мардин“, објави синдикатот ТГС на Твитер, без да ги прецизира причините за апсењата.

Уапсените новинари работат за прокурдските новински агенции „Mesopotamya“ и „Jinnews“, пренесува Бета.

Новиот турски закон за дезинформации значи дека оние кои се прогласени за виновни за намерно објавување дезинформации или „лажни вести“, за кои властите велат дека шири паника, ги загрозува безбедносните сили или целокупното здравје на турското општество, може да се соочат со затворска казна до три години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)