Турските власти приведоа 33 лица осомничени дека вршеле шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, објави денеска државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.
Loading...
Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул, пренесува Ројтерс.
Се верува дека, пренесува Anadolu, без наведување извори, дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“, пренесува Танјуг.