Во Тунис само 11 отсто од гласачите излегле на избори

Сподели со своите пријатели

Во Тунис се одржа вториот круг од парламентарните избори со слаб одѕив на гласачите, што е одраз на политичките поделби и растечките тешкотии во економијата.

Loading...

Само 887.638 граѓани дошле да гласаат – 11,3 отсто од запишаните 7,8 милиони гласачи, соопшти изборната комисија.

А во првиот круг, на 17 декември, гласале само 11,2 отсто од гласачите, што е најниско од државниот удар во 2011 година и почетокот на воведувањето на демократијата.

Изборите за 131 од вкупно 161 пратеник се последната фаза од реформата што претседателот Каис Сајед ја воведе пред 18 месеци со цел да го врати претседателскиот систем на владеење во Тунис.

Таков систем постоеше пред пучот во 2011 година и падот на претседателот Бен Али, кој се сметаше за диктатор.

На 25 јули 2021 година Саџед ги презеде целосните претседателски овластувања, ја суспендираше работата на Парламентот и ја распушти Владата.

Една година подоцна, беше донесен нов Устав со нови овластувања на претседателот Сајед и со многу ограничени овластувања на Парламентот.

Опозицијата која ги бојкотираше изборите и невладините организации по првиот круг од изборите оценија дека се вратила авторитарната власт.

Loading...

Граѓаните се соочуваат со пад на куповната моќ и инфлација над десет проценти, а Владата се соочува и со недостиг од дури и субвенционирани прехранбени производи, како млеко, шеќер или масло.