Турција стана првата земја што стави беспилотни борбени авиони во оперативна употреба

Сподели со своите пријатели

Турција стана првата земја што го вклучи беспилотниот борбен авион Кизилелма во својата флота на воената авијација, објави во четврток производителот на борбениот дрон Бајкар.

Првите три авиони, откако успешно ги поминаа тестовите за прифаќање и завршија повеќе од 600 часа лет, вчера им беа предадени на турските безбедносни сили, пишува „Сабах“.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Коалицијата на добронамерните“од Берлин: „Цврсто стоиме зад Украина“

„Така, Турција стана првата земја во историјата на светската авијација што додаде беспилотно борбено летало во својот инвентар“, изјави Бајкар.

Дронот Кизилелма за прв пат беше претставен во август 2022 година на аеро-саемот Технофест во Самсун, Турција.

Развиен е како дел од проектот MIUS за борбено беспилотно летало.

„Кизелелма“ има тежина при полетување од приближно шест тони, од кои речиси два тони се товар.

Овој дрон може да лета пет до шест часа на надморска височина од 12 километри.