Во тек активностите за изградба и реконструкција на улиците

Сподели со своите пријатели

Екипите на фирмите изведувачи интензивно работат на поставување бекатон на повеќе улици во градот, информираа, надлежните од секторот за урбанизам. Бекатон се поставува на повеќе локации во Куманово.

Loading...

-Планирано е да се постават околу 2, 5 илјади метри бекатон на неколку локации, информираше помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Во тек е и поставување на тротари на повеќе улици, меѓу кои и на улицата „Биљановска“ од градските гробишта кон населбата „Бабин Дол“.

„Во овој дел од градот за прв пат се поставуваат тротоари, бидејќи е релативно ново изградена населба. Тротоарите ќе придонесат за зголемување на  безбедноста на пешаците“-изјави Јовановски.

Интензивно се работи и на крпење на ударни дупки на подрачјето на Куманово. Санацијата на оштетувањата на улиците почна од централните градски улици, по што ќе следи санацијата на улиците во населбите од градот.

Активностите се реализираат во рамки на програмата за изградба, санација и реконструкција на улици за кои од општинскиот буџет се одвојуваат околу 26 милиони денари.

Leave a Reply