Во Страцин приведено лице од Косово поради криумчарење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од Косово бил приведен во кратовското село Страцин, под сомнение дека извршил кривично дело криумчарење.

Loading...

– На 03.04.2024 во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од полицијата, при контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

Loading...

 

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски