Во среда: Саем за вработување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на Агенцијата за вработување на РМ и Центарот за вработување – Куманово, во среда со почеток од 11 часот, во холот на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” ќе биде отворен Саем за вработување.

Loading...

На саемот според планираните активности, своја презентација и можност за вработување ќе понудат 40 – тина приватни компании од градот и регионот, како што се фирми до дрвопреработувачката, прехранбена и трговска дејност, а на саемот се очекува и присуство на министерот за труд и социјална политика како и на генералниот директор на АВРМ, Влатко Поповски.

Саемот за вработување ќе биде отворен во 11 часот, со закажан форум за работодавачи и инфосредба закажана за 13 часот.