Граѓаните на Нови Сад, Србија имаат можност во посебни студии да изберат спиритуални сеанси, како што се школи на мудрост и работилници за контактирање со предците.
Поентата на училиштето за мудрос е дека од истото излегувате помудри. Организаторите дури наведуваат дека има врска со реинкарнација и изминатиот живот, а во програмата стои дека во текот на учењето се чистат блокади од детството, но и од минатиот живот, па така од тука се излегува како посреќен и помудар.
Колку и да звучи неверојатно, во Нови Сад навистина може да се оди на сеанса каде ќе ви ветат дека ќе ве научат да контактирате со мртвите предци. Се организаира и ритуал за привикување на енергијата од вашите предци, а во еден дел од сеансата се учи и како да ги повикате предците и од нив да добите подршка.