Во текот на вчерашниот ден, поточно во 00:10, на бул. Октомвриска Револуција се случи сообраќајна незгода во која според очевидците нема жртви, но е нанесена материјална штета.
Имено, според очевидците на местото на настанот, во момент кога возилото на Итната медицинска помош со вклучени ротациони светла се движело од ул. Иво Лола Рибар кон булеварот, на раскрсницата помеѓу булеварот и ул. Ѓорче Петров се случил директен судир со друго ПМВ марка Фолсваген Голф.
[huge_it_gallery id=”9″]
Од силината на ударот, голфот се завртел, удрил во семафорот и застанал неколку метри подолу, од другата страна на булеварот, рушејќи ги новопоставените семафори.
Очевидците велат дека нема сериозно повредени учесници, со видливи површински рани на главата на возачот на голфот.