Во сабота ќе се осветат темелите на црквата „Свети Димитриј“ во Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Во сабота со почеток во 10 часот во кумановската населба Тромеѓа ќе бидат осветени темелите на црквата „Свети Димитриј“.

Loading...

Како што информираше Иван Цветковски, темелите ќе ги освети митрополитот кумановско-осоговски Григориј.

– Добредојдени се сите заинтересирани граѓани и верници од Куманово да присуствуваат на овој осветувањето на темелите на црквата која ќе се наоѓа до самото езеро во Тромеѓа, изјави Цветковски.

Инаку голем број верници во текот на изминатите денови веќе донираат градежен материјал и финансиски средства за изградба на комплексот.

На локацијата во изминатите години веќе се организираат одбележувања на низа верски празници, особено масовно посетен настан е фрлањето крст на Водици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

Никола Ивановски

Loading...