Очекуваниот животен век во Русија се зголеми во просек за осум години во последните две децении, изјави шефот на „Розддравнадзор“ Михаил Мурацко.
– Здравствената заштита навистина напредува во последните 20 години. За две децении, очекуваниот животен век се зголеми во просек за осум години, смртноста кај новороденчињата е намалена за повеќе од 3,5 пати, смртноста на мајките е намалена за пет пати. Ова се чекори што земјата и Министерството за здравство ги преземаат секој час, секоја минута – рече Мурашко.
Претходно, руската министерка за здравство, Вероника Сквартесова, објави дека просечниот животен век на жените во Русија во седумте месеци до 2019 година бил 78,5 години, додека тој за мажите е 68,5 години.